На 28.10.2022г. амбасадорот Крум Ефремов ги предаде оригиналите на акредитивните писма на претседателот на Република Ерменија Н.Е. Вахагн Кхачатурјан. Церемонијата се одржа во претседателската палата во Јереван. Амбасадорот Ефремов имаше билатерална средба со претседателот на Република Ерменија, на која се потенцираа сите можности за поголема соработка.