Денеска во Прага, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Украина, Денис Шмихал свечено беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји.
Одлуките ги потпишуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка.
За време на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски, уште еднаш ги потврди позициите на Северна Македонија за силната и недвосмислена поддршка за Украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет.