Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Украина се воспоставени на 20. април 1995 година
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Договор меѓу Македонската Влада и Украинската Влада за трговска и економска соработка“
- склучен во Скопје, на 3 јуни 1997 година.
- во сила од 6 февруари 1998 година
2. „Спогодба за научно-технолошка соработка помеѓу Македонската Влада и Кабинетот на министри на Украина“
- склучен во Киев, на 28 октомври 1997 година.
3. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците од доход и на капитал“
- склучен во Киев, на 2 март 1998 година.
- во сила од 23 ноември 1998 година
4. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за поттикнување и заемна заштита на инвестиции“
- склучен во Киев, на 2 март 1998 година.
- во сила од 25 март 2000 година
5. „Договор за пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Украина“
- склучен во Скопје, на 16 декември 1998 година.
- во сила од 26 јуни 2000 година
6. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за соработка во областа на образованието“
- склучена во Скопје, на 16 декември 1998 година.
- во сила од 12 март 1999 година
7. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за соработка во областа на културата“
- склучена во Скопје, на 16 декември 1998 година.
- во сила од 1 април 1999 година
8. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министри на Украина“
- склучена во Скопје, на 16 декември 1998 година.
- во сила од 29 април 1999 година
9. „Договор за правна помош во граѓанските предмети меѓу Република Македонија и Украина“
- склучена во Киев, на 10 април 2000 година.
- во сила од 20 јуни 2003 година
10. „Конзуларна конвенција меѓу Република Македонија и Украина“
- склучена во Киев, на 10 април 2000 година.
- во сила од 20 јуни 2003 година
11. „Спогодба за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина“
- склучена во Киев, на 10 април 2000 година.
- во сила од 1 август 2000 година
12. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министрите на Украина за воено-техничка соработка“
- склучена во Киев, на 18 октомври 2000 година.
- во сила од 20 декември 2002 година
13. „Договор меѓу Република Македонија и Украина за слободна трговија“
- склучен во Скопје, на 18 јануари 2001 година.
- во сила од 10 септември 2001година
14. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министри на Украина за превоз на патници и стоки во меѓународниот патен сообраќај“
- склучен во Киев, на 5 март 2002.
- во сила од 29 март 2003 година
15. „Договор меѓу Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за соработка во областа на железничкиот транспорт“
- склучен во Киев, на 28 јуни 2005 година.
- во сила од 04 мај 2007 година
16. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за соработка во областа на информирањето“
- склучена во Киев, на 28 јуни 2005 година.
- во сила од 04 ноември 2008 година
17. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Mинистри на Украина за взаемна соработка во царинските работи“
- склучена во Киев, на 21 септември 2007 година.
- влегува во сила на 03 август 2008 година
18. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за заемна заштита на класифицирани информации“
- склучена во Охрид, на 29 јуни 2009 година.
- во сила од 07 февруари 2011 година
19. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за услови на заемни патувања на граѓаните“
- склучена во Минхен на 06 февруари 2010 година.
- влегува во сила на 27 август 2010 година
20. „Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за условите за заемни патувања на државјаните“
- склучена во Скопје 12 јули 2019 година.
- влегува во сила на 22 декември 2019 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Протокол за консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерство за надворешни работи на Украина“
- склучен во Скопје, на 3 јуни 1997 година
2. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министрите на Украина за соработка во областа на заемното признавање на извештаите за утврдување на сообразноста“
- склучена во Скопје, на 16 декември 1998 година
3. „Спогодба меѓу Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија и Државниот комитет на Украина за физичка култура и спорт за соработка и размена во областа на физичката култура и спортот.“
- склучена на 16 декември 1998 година
4. „Спогодба за соработка меѓу Министерството за трговија на Република Македонија и Министерството за надворешни економски врски и трговија на Украина“
- склучена во Киев, на 29 јуни 1999 година
5. „Меморандум меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за етапна либерализација на меѓусебната трговија“
- склучен во Киев, на 29 јуни 1999 година
6. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на Министрите на Украина за формирање меѓувладина Македонско-украинска комисија за трговско економска соработка“
- склучена во Киев, на 29 јуни 1999 година
7. „Заедничко коминике за резултатите од посетата на претседателот Борис Трајковски на Украина“
- потпишано во Киев, на 18 и 19 октомври 2000 година
8. „Спогодба за соработка меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерството за аграрна политика на Украина“
- потпишана во Киев, на 18 и 19 октомври 2000 година
9. „Спогодба за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерство за внатрешни работи на Украина“
- потпишна во Киев, на 20 февруари 1999 година
10. „Протокол кон .Спогодбата за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на РепубликаМакедонија и Министерство за внатрешни работи на Украина“
- потпишан на 31.12.2000.година во Скопје
11. „Договор за соработка меѓу Националните библиотеки на Република Македонија и на Украина“
12. „Договор меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Украина за соработка во областа на здравството и медицинските науки“
- потпишан во Киев, на 27 јуни 2005 година
13. „Програма за соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура и туризам на Украина за 2005-2009 година“
- потпишан во Киев, на 28 јуни 2005 година
14. „План на консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија Министерството за надворешни работи на Украина за 2009 година “
- Склучен во Киев, октомври 2008 година
15. „Протокол за соработка меѓу Директоратот - Дипломатска академија при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи на Украина“
- Склучен во Скопје, на 23 септември 2010 година
16. „Спогодба за соработка меѓу Министерство за правда на Република Македонија и Министерство за правда на Украина“
- Склучена во Киев, на 03 ноември 2010 година
17. „Спогодба за соработка меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Државниот Комитет на Украина за технички регулативи и потрошувачки политики во областа на стандардизација, метрологија, оцена на сообразност и заштита на правата на потрошувачите“
- Склучена во Киев, на 03 ноември 2010 година
18. „Спогодба за соработка во областа на животната средина меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за заштита на животната средина на Украина“
- Склучена во Киев, на 03 ноември 2010 година
19. „Програма за соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура и туризам на Република Украина за период 2010-2014 година“
- Склучена во Киев, на 03 ноември 2010 година
20. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за здравство на РМ и Центарот за микрохирургија на око, Киев,Украина“
- потпишан во Киев на 15.10.2012 година
21. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Националниот Институт за канцер, Киев, Украина“
- потпишан во Киев на 15.10.2012 година.
22. „Договор за размена на архивирани документи и соработка на сите полиња од областа на архивското работење помеѓу Архивот на Република Македонија и Архивот на Украина“
- потпишан во Киев на 15.11.2013 година.
23. „Спогодба за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија и Државната архивска служба на Украина“
- потпишана во Киев на 15.11.2013 година
24. „План на консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Украина за периодот 2017-2018 “
- склучен во Киев, на 5 декември 2016 година
25. „План за билатерална воена соработка меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина за 2018 година“
- потпишан во Киев на 3.1.2018 година. и во Скопје на 8.3.2018 година
26. „Заедничка декларација меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Украина“
- потпишана во Скопје на 11 април 2018 година
27. „Меморандум за разбирање за соработка меѓу Дипломатската академија на МНР на РМ и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ при МНР на Украина“
- потпишан во Скопје на 11 април 2018 година
28. „План за консултации меѓу МНР на РМ и МНР на Украина за 2019-2020 година“
- потпишан во Киев на 22 јануари 2019 година